
Изминатиот период првпат на Клиниката е трансплантирана коска од починат донор кај 13-годишно дете со вродена деформација на прстите, информираше фиректорката на ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Марија Јовановски Срцева.

Извршени се и над 10 трансплантации на ортопедија, со иновативни методи кои првпат се применуваат кај нас. Обезбедена е најсовремена „point-of-care“ дијагностика на КАРИЛ, односно најсензитивна молекуларна технологија, веднаш до креветот на пациентот, со цел анализите да се прават таму каде што се најпотребни – со брзина, прецизност и според индивидуалните потреби на секој пациент, соопшти проф. д-р Јовановски Срцева.