
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје извести дека заради денешниот инцидент со пожар, дојде до прекин во напојувањето со електрична енергија во пумпната станица Гази Баба, која го снабдува со вода резервоарот Гази Баба.
Како резултат на прекинот на електричната енергија од страна на ЕВН, од Водовод предупредуваат дека постои можност за прекини во водоснабдувањето на населбите во Општина Чаир и Железара.
“Поради денешниот пожар има прекин на електрична енергија во пумпена станица Гази Баба која го снабдува со вода резервар Гази Баба”, соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје.