Во продукција на популарното регионално шоу „IDJ“, деновиве излезе првата песна на младата надежна пејачка Луна Бејков, под наслов „Признај“. Луна Бејков е учесничка во белградското шоу во новата сезона, во чии рамки реализираше повеќе успешни настапи.
Нејзината појава на сцената и од страна на публиката, како и од страна на жирито во состав: Дарко Димитров, Наташа Беквалац и Реља Поповиќ, е оценета како мошне уникатна, сензуална и харизматична. Се издвојува по нејзината кадифена боја на глас и силниот емотивен пристап кон песните коишто ги изведува.
Осумнаесетгодишната Луна Бејков веќе две години е дел од актерската екипа на популарната тинејџерска ТВ серија „Тин Камп“, а е ангажирана и за изведба на песните коишто се дел од проектот. Со „Тин Камп“ досега оствари голем број на јавни настапи во земјава. Беше и дел од актерската екипа на долгометражниот филм „17“ во режија на Косара Митиќ.
uSnna7zP-E0