Skip to main content

Норис ја освои ГН на Велика Британија, сензационален подиум за Хулкенберг

Фото: X

Возачот на Мекларен Ландо Норис ја освои Голема награда на Велика Британија која по дождливо време се возеше денеска на патеката во Силверстоун.

Британецот во болидот на Мекларен го освои првото место пред неговиот клупски колега Оскар Пјастри.

За Норис ова е осма победа во кариерата, а прва пред домашната публика во Силверстоун.

Место на подиумот имаше и за 37-годишниот Нико Хулкенберг од Заубер, кој дојде до сензационален успех.

За Хулкенберг ова е прв подиум во Формула 1 по 239 трки и 5.593 денови, а го постигна и покрај тоа што стартуваше од претпоследното, 19 место.

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон го освои четвртото место, Макс Верстапен од Ред Бул заврши петти, додека Пјер Гасли од Алпин на шестото место.

На половина од шампионатот во Формула 1, Пјастри води во генералниот пласман со 234 бодови, осум повеќе од второпласираниот Норис, додека Верстапен е на третото место со 165 бодови.

Во Формула 1 следува пауза до 27 јули, која ќе се вози трката за Големата награда на Белгија.

Поврзани вести