Skip to main content

Голем дел од Чешка без струја поради дефект, метрото во Прага запре

Метрото во чешката престолнина Прага денеска беше привремено запрено, а пожарникарите спасуваа луѓе заглавени во лифтови откако прекинот на електричната енергија предизвикан од уривање на далноводот го зафати поголемиот дел од земјата.

Операторот на чешката мрежа на платформата Икс соопшти дека прекинот траел неколку часа и дека влијаел на осум од 44 дистрибутивни трафостаници во земјата.

Најмногу беше погоден десниот брег на Прага, соопштија надлежните.

Трите линии на метрото беа запрени околу половина час, а јавниот превоз беше сериозно нарушен. Во некои делови беше прекинато производството, а болниците се префрлија на генератори. Некои продавници беа принудени да затворат.

Чешките власти велат дека електричната енергија постепено се стабилизира, но се работи на целосно утврдување на причините за дефектот. 

Поврзани вести