
Австралискиот тенисер, Ник Кирјос, познат по контроверзноста, предизвика бура на Вимблдон со тоа што ја доведе во прашање иднината на Карлос Алкараз од неспортски причини. За време на разговор со тренерот Патрик Муратоглу како дел од „Ultimate Tennis Showdown“ (УТС), Кирјос не се двоумеше да го посочи Јаник Синер како тенисер кој на крајот ќе има посолидна кариера од Шпанецот.
Го избирам Синер затоа што Алкараз премногу ги сака девојките. Може да губи концентрација, да се забавува премногу. Во меѓувреме, Синер е постабилен“, изјави Кирјос.
Муратоглу, од своја страна, се обиде да го ублажи мислењето на Австралијанецот и покажа поголема доверба во талентот на Алкараз.
Ако ги погледнеме меѓусебните натпревари, Алкараз е во предност. Мислам дека на крајот ќе има подобра кариера подобар од двајцата“, изјави францускиот тренер, кој работи со Наоми Осака.
Кирјос во минатото веќе ги напаѓаше Ѓоковиќ, Надал, самиот Синер, па дури и АТП, јасно ставајќи до знаење дека не е од оние што ги штедат зборовите.