
Пациентите не треба да шетаат со извештаите од специјалисти за остварување на правото на хроничната терапија и мислам дека воопшто ќе нема хартија во комуникацијата за рецепти, изјави денеска на брифингот со новинарите директорот на Фондот за здравстврно осигурување (ФЗО) Сашо Клековски.
Лани во ноември Клековски објави дека во ФЗО работат на тоа хартиените рецепти целосно да бидат исфрлени од употреба и во апетка ќе се оди само со електронски рецепти.
Во моментот на потпишување на рецептот од страна на матичниот лекар, тој е веќе издаден документ и медицински и финансиски. Со тоа матичниот потврдува дека пациентот има здравствено осигурување и нема потреба во аптеките повторно да се вршат контроли, бидејќи со контроли во аптеките се утврдило дека во моментот на подигање на лекот, лицето немало здравствено осигурување. Сега, кога матичниот лекар ќе го издаде рецептот ќе биде гаранција за плаќање што ја олеснува состојбата на аптеките, а рецептот ќе биде проверен по сите основи позадински, изјави денеска Клековски.
Идејата е матичните лекари да бидат ослободени од непотребна документација и да имаат повеќе време да им се посветат на пациентите.