Skip to main content

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, меѓу нив не е Костадинов за Струмица

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња кои се кандидати за градоначалници на партија за претстојните локални избори.

Во Општина Карбинци кандидат за градоначалник ќе биде Љупка Соколовска, во Општина Василево ќе биде Ванчо Новоселски, во Општина Сопиште кандидат ќе биде Звонко Васев (претседател на општинска организација на СДСМ Сопиште), во Општине Јегуновце ќе биде Дарко Блажевски (поранешен градоначалник во периодот од 2017 до 2021 година), Општина Охрид ќе биде д-р. Асен Шајн (претседател на ОО СДСМ Охрид), во Општина Демир Хисар – Златко Кузмановски (претседател на ОО СДСМ Демир Хисар), во Општина Струмица ќе биде Марјан Даскаловски (претседател на ОО СДСМ Струмица), во Општина Дебрца кандидат ќе биде Љупчо Паунковски (претседател на ОО СДСМ Дебрца).

Во следните две недели, верувам дека околу две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат потврдени од Извршниот одбор. Очекувам ова да биде процес кој ќе значи сплотување а не поделба на партијата, рече Филипче.

Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара повторно доверба кај граѓаните, Филипче смета дека „актуелниот градоначалник на Струмица треба да се стави на располагање на партијата чесно исто како што партијата била тука за него во изминатиот период“.

Околу коалицирањето, Филипче нагласи дека потврдувањето и потпишувањето на коалициски договори ќе го остават за септември бидејќи, како што рече, верува дека разговорите со тие партии со кои сега формално не се во коалиција нема да завршат скоро. Потенцира дека разговараат со неколку политички партии.

Прашан во врско со коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ во однос на Општина Кичево, Филипче потенцира дека е отворен да разговара за сите прашања кои ги засегаат граѓаните.

Треба да ги надминеме и суетите и егото, бидејќи ние сме тука да им служиме на граѓаните, рече опозицискиот лидер, Венко Филипче

Поврзани вести