Skip to main content

Раскол во СДСМ по објавата на нова „тура“ кандидати за градоначалници: Костадинов од Струмица го „исплука“ Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори.

Меѓу нив не е а актуелниот градоначалник Костадин Костадинов.

Костадинов разочаран од оваа одлука во објава на Фејсбук му покажа заби на Филипче:

Драги струмичани и струмичанки,
Мои пријатели, соседи, роднини,соработници
Мои сограѓани со кои ги делам деновите, улиците, битките и соништата…
Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега.
Ова не е крај.
Ова е моментот кога човекот мора да зборува чесно, и од срце.
Во изминатите 11 години, од 2013 наваму, не изгубив ниту едни избори.
Не затоа што бев најгласниот. Не затоа што бев најсилно партиски поддржан.
Туку затоа што луѓето гледаа нешто друго во мене: работа, доследност и љубов кон градот.
Јас не сум случаен градоначалник. Јас сум дете на оваа земја, на оваа улица, на овој пазар.
Секој проект, секој парк, секоја пешачка патека – ги градев како да ги правам за моето семејство.
Затоа не победував јас – победуваше Струмица.
Но денес стојам пред вас и ви кажувам нешто што ретко кој политичар ќе го признае:
Во сегашната политичка слика, мојата кандидатура – од било која партија – е бесмислена.
Не затоа што се плашам од пораз.
Јас не знам што значи да изгубиш избори.
Туку затоа што нема вистинска понуда за градот.
Нема суштинска дебата. Нема нова визија. Нема предизвик.

Поврзани вести