Skip to main content

На летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“  ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“

На 4 јули 2025 /петок/ од 19.30 часот на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“  ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“. Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам. Гости на концертот се КУД „Стив Наумов“ од Битола и Градскиот камерен хор „Астибо“ од Штип.

Програма:

Женски Камерен хор „ Керамија “

1.Ave Maria – Vitorio соло Катерина Попоска

 2.Ubi Caritas – Ola Gjelo

 3.Zum Gali Gali – Israel Folk Song *Инструментална придружба Магдалена Ковилоска флејта Андреј Димоски бонгоси

4.Mamma Mia – ABBA соло Ане Чесноска

 5.Ли ду ду – муз. Григор Копров -Васил Хаџиманов. арр. за хор Бурим Хидри

Куд. Стив Наумов Битола

1. Тајно моја-Д. Темков

2. Кољо гидија – А. Лековски

3. Голем чечкалица – Д. Величкович

 4. Bullerengue – J. Antonio

5. We will rock you – M. Brymer

Градски камерен хор “Астибо” Штип:

1. Химна на Св. Климент Охридски – Кирил Македонски;

 2. Кумановка 5 – Трајко Прокопиев;

3. Го пратиле дедо… – народна, арр. Ивана Ѓурѓевиќ – Јанков;

 4. El Condor pasa – Daniel Alomia Robles;

5. Historia de un amor – Carlos Almaran;

 6. The Lion sleeps tonight – Solomon Popoli Linda.

 Биографија на хорот: Женски камерен хор „Керамија“

Женскиот камерен хорот „Керамија“ е формиран на 11.01.2023година во Прилеп под иницијатива и диригентска палка на Катерина Попоска од Прилеп, дипломиран музичар теоретичар педагог.


Во хорот членуваат ентузијасти и вљубенци во хорската уметеност.
Специфично е името „Керамија“ но тоа го означува античкот град Керамија, кој се простирал на задниот дел и ѕидините од Марковите Кули, кој е синоним на градот Прилеп.

Жкх.„Керамија“ е единствениот еднороден женски хор во Прилеп, во него членуваат и аматери  и девојки со музичко образование, но со голем стаж во хорската уметност, кој во многу кратко време покажа дека можи да се носи со тежина на материјал, обемна работа и професионалност на рамниште со професинални хорови. Хорот со досегашната работа има обработено композиции од духовен карактер, комерцијални англиски и божиќни хитови и македонски староградски и народни песни.

Целите на хорот е да се негува хорското пеење и традиција како дисциплина. Афирмација како единствен женски хор од Прилеп за афирмација во Македонија и за афирмација и надвор од границите на државата.

Женскиот камерен хор „Керамија“изминати настапувања од ревијален карактер:

  • 24-25 Јуни 2023 – Интернационалниот фестивал на хорска музика „ТеХо“ 2023 во Тетово, поддржан од министерство за култура за на Р.Македонија.
  • 16 Септември 2023 – Фестивалот за камерни хорови „Астибо“ Штип, поддржан од министерство за култура на Р.Македонија.
  • 22.12.2023 „Божиќен базар“ Шумски фенери – Битола.
  • 24.12.2023 „ Зимска приказна “ во Битола, поддржан од општина Битола.
  • 28.12.2023 „ Новогодишен базар “ во Прилеп, поддржан од општина Прилеп.
  • Специјална награда на Интернационалниот фестивал „Арт Ин“ Кавадарци
    (30.05-03.06.2024 год.)
  • Прво место во Камерна музика на Интернационалниот Пијано Фест во Битола
    (7-9.06.2024 год.)
  • Интернационален хорски фестивал „ТеХо“ 2024, жкх. „Керамија“ од стручната јавност е избран за најдобар фестивалски перформанс.
    (30.06.2025 год.)
  • Староградски средби во Прилеп „Звуците на градот“ (18.07.2024)
  • Хуманитарен настап во „Св.Петка“ Прилеп (24.07.2024)
  • Фествал за камерни хорови „Астибо “ Штип , освоена 1 награда (06.10.2024)
  • Гости на Годишен концерт на КУД„Пере Тошев“ од Прилеп (20.10.2024)
  • Целовечерен концерт на ЖКХ.„Керамија“ , (11.11.2024 ) Поддржан од министерство за култура.
  • „Пелистерски базар“ (16.12.2024)
  • Номинација за 12 Величествени – Доделување на наградите (12.02.2025)
  • Вклучување во проект на проф. Димитрије Бужаровски (02.03.2025)
  • Интернационален фестивал  „ТеХо“ 2025 (27-29.06.2025)

Предвидени идни активност:

  • Октомври 2025 предвиден е настап во Молдавија.

Поврзани вести