
Фудбалерите на Борусија Дортмунд обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство, откако синоќа во последната преостаната осминафинална пресметка го совлада мексикански Монтереј со 2-1.
Противник на Борусија Дортмунд во четвртфиналето ќе биде мадридски Реал, кој обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи со триумфот од 1-0 над Јувентус.
Преостанатите четвртфинални двојки на Светското клупско првенство кое се одржува во САД се: Палмеирас – Челзи, ПСЖ – Баерн Минхен и Флуминенсе – Ал-Хилал.