
Работниците во една индиска фабрика се принудени да работат со камери прикачени на главите, кои го снимаат секое движење на нивните раце.
Снимените видеа потоа, наводно, се користат за обука на вештачка интелигенција што ќе ги контролира роботите, кои треба да ја преземат работата во иднина.

Слични камери користат и работници во други фабрики, снимајќи го целиот процес на шиење, склопување електроника, сортирање компоненти и така натаму.

Всушност, луѓето со овие видео-снимки ги обучуваат роботите кои еден ден ќе ги земат нивните работни места и ќе ги остават без работа.

Македонски


