Популарниот гастрономски водич Taste Atlas неодамна ја објави својата годишна листа на најдобри кујни во светот, а македонската кујна оваа година се најде на 47. место.
Најдобро оценетите кујни во светот се рангирани според просечната оценка на најдобро оценетите јадења и прехранбени производи во секоја земја.
Грција годинава е на прво место, додека Италија е на второ место. Третото место го зазеде мексиканската кујна, а потоа шпанската и португалската кујна. Најлошо се оценети кујните од Албанија, Боливија, Нигерија, Лаос и Никарагва.
Кога станува збор за земјите од регионот, Србија се најде на 15. место, Хрватска на 17., Словенија на 56. место, Босна и Херцеговина на 68. а Црна Гора на 83. место.
Инаку, македонската кујна го зазеде 47. место со оценка 4,16, а меѓу избраните јадења се зелник, макало, сарма, ајвар, охридска пастрмка, тавче гравче, пастрмајлија, таратор, чомлек, пинџур, масник…