
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, на јавно реагираше дека студентите на вечервашниот протест во Белград на плоштадот Славија повикале на граѓанска војна.
Блокаторите не го завршија својот митинг на Видовден со зборовите – Да живее Србија. Завршија со морничав повик за убивање на Србија, монструозен и отворен повик за граѓанска војна. Памти Србијо“, напиша Брнабиќ на социјалната мрежа X.

Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека шест полицајци и двајца граѓани се повредени, соопшти директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ откако беше нападната полицијата по завршување на протестот „Се гледаме на Видовден“ организиран од „Студентите во блокада“.