
Во рамки на Неделата на франкофонски филм, вечерва од 20 часот во Кинотеката ќе биде прикажан францускиот филм „Вашите лица секогаш ќе ми бидат пред очи“ од 2023. Режисер на филмот е Жана Ери, а во главните улоги се актерите Елоди Буше, Адел Егзаркопулос и Лејла Бекти.
Филмот ја истражува ресторативната правда во Франција, од 2014 година. На овој начин, на жртвите и сторителите на прекршоци им се дава можност да разговараат во безбедни околности под надзор на професионалци и волонтери, соопшти Францускиот институт Скопје.
Филмот во 2024 добил пет награди „Цезар“ – за најдобра фотографија, најдобра музика, најдобри костими, најдобри визуелни ефекти и за најдобра споредна женска улога. Има над 1,1 милион продадени влезници во киносалите во Франција.
Неделата на франкофонски филм се одржува до 30 јуни во Кинотеката на Македонија. Ја организираат Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Македонија, Албанија, Белгија, Франција и Канада.