Skip to main content

Мбапе го тужи ПСЖ за психолошко малтретирање

Килијан Мбапе поднел тужба против Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање, се наведува во соопштение од обвинителството во Париз, цитирано од весникот „Екип“.

Мбапе поднел жалба против клубот на 16 мај за психолошка траума и обид да го принудат да потпише договор во летото 2023 година, како и за неговата изолација од тимот.

Покрај судскиот случај, Килијан Мбапе продолжува да има финансиски спорови со ПСЖ, откако клубот не му ја исплати последната сума според договорот, по што стана јасно дека францускиот репрезентативец ќе се пресели во Реал Мадрид.

Поврзани вести