
Националниот театар „Иван Вазов“ од Софија ќе гостува на 20. „Скупифестивал“ вечерва во 20 часот на сцената на Албанскиот театар во Скопје, со претставата „Бог на масакрот“. Текстот е од Јасмина Реза, во режија на Антон Угринов. Играат: Александра Василева, Радена Валканова, Владимир Карамарзов, Јулијан Вергoв. Сценографија и костимографија Никола Тороманов, композитор е Калин Николов.
Утревечер во истиот термин, на последната фестивалска вечер, ќе биде изведена претставата „Тие веќе не се тука“, по текст на Дорунтина Башa, во режија на Андреј Носов, а во изведба на Мирјана Карановиќ, Светозар Цветковиќ и Албан Укај. Сценографијата е на Зорана Петров, костимите се на Селена Орб, а музиката е на Драшко Аџиќ. Претставата е копродукција на Хартефакт, Белград, Србија; САРТР, Сараево, Босна и Херцеговина; и My Balkans, Србија и САД.
„Скупифестивал“ има натпреварувачки карактер, а ќе бидат доделени наградата за најдобра претстава на фестивалот, како и специјалната награда „Луран Ахмети“.
Синоќа на програмата беа изведени две монодрами – „Работи што не се кажуваат во режија на Ана Батева и изведба на Елена Фрунзе – Хатман. Следуваше втората монодрама „Прво лице еднина” во изведба на Владанка Крстевски и во режија Драгана Гунин. Претставата беше наградена со френетичен аплауз.

Македонски

