Skip to main content

81-годишен Србин излета од автопатот Градско-Велес

архива

Вчера околу 12 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот во правец од Градско кон Велес, патничко возило „рено лагуна“ со германски национални ознаки, управувано од М.Р.(81) од Р.Србија, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Д.Б.(68) од Р. Србија, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани вести