
Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп започна со проби за претставата ,,Црнила“ од Коле Чашуле а во режија на Дејан Пројковски.
Играат: Александар Степанулески, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Александар Тодески, Бобан Алексоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски.
Првично, Пројковски требаше да режира претстава по текстот „Три сестри“ од Антон Павлович – Чехов но извршена е пренамена на средствата од Министерството за култура и туризам.
Претставата е втора финансирана од Годишната програма на Министерството за култура и туризам. На крајот на минатиот месец Прилепски театар премиерно ја изведе претставата „Чиста куќа“ во режија на Тамара Стојаноска, која имаше неколку распродадени изведби. А до крајот на годината ќе се постави и „Ловец во ржта“, според Џ.Д. Селинџер, во режија на Мартин Кочовски