Skip to main content

Дуално образование и за студентите

На децата да им се развие критичкото размислување уште од основно школо, да им се отворат вратите на истражувачките центри, да посетуваат лаборатории, фарми, производни капацитети,… Да научат како се носат практични решенија, наместо да се обременуваат само со теоретско знаење, порачаа учесниците на денешниот настан за дуално образование што се одржа во Стопанската комора.

Како што беше речено, сериозен исчекор мора да се направи и во однос на универзитетското образование. Градењето партнерство меѓу реалниот сектор и академијата е исклучително важно. Кадрите кои завршуваат факултет треба да имаат што повеќе практични знаења и вештини за да одговорат на барањата на пазарот на труд.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески укажа дека мора да се менува системот на образование.

Како Комора, пред десет години го почнавме процесот на дуално образование во средните школи преку изучување вештини, а не општо-образовни програми. Ако тоа се примени на високото образование, ќе добиеме уште повеќе. Не се срамиме да кажеме дека немам искуство, претходниот систем создаваше кадри кои ја промашуваа целта, но сега да направиме нов модел што ќе даде резултати. Високо образовните кадри се тие што ги насочуваат активностите, што го отвораат патот и ги рушат бариерите кон подобар стандард. Образованието е темел на државата, а она што ние најмногу можеме да испорачаме е создавање потребен кадар, врска меѓу бизнисот и образованието, истакна Азески.

Според Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, веќе се работи на прилагодување на студиските програми за да им се олесни преодот на студентите од училниците кон фабричките сали и сите останати нивни идни работни места.

Основната функција на факултетите е да создаде човечки капитал за потребите на пазарот на трудот. Тоа значи дека кадрите завршуваат во реалниот сектор со соодветни знаења и вештини. Вработливоста е една од нашите стратешки цели, а за да ги направиме нашите студенти поконкурентни на пазарот на трдуот, мора да им обезбедиме соодветно квалитетнмо образование – избалансираност меѓу она што претставува академско знаење, но и она што значи вештина, нагласи ректорката.

Нејзина оценка е дека треба многу посериозно и посистемски да се премине на концептот дуално образование.

Пред присутните се обрати и швајцарската амбасадорка, Вероник Хулман.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom giriş