
Експерт за пластична хирургија утре ќе ги посети повредените од пожарот од Кочани кои се на рехабилитација во Пониква за да види каков потреби имаат и како ќе може да им се помогне, најави денеска министерот за здравство Азир Алиу.
-Таму 45 граѓани се дел од таа програма во Пониква. Имаме пет вработени, двајца лекари и три медицински сестри. Имаме програма која е во тек од сабота. Денеска на пример таму температурата е фантастична 17 степени. Надвор се, играат кошарка и такви активности имаат. Во понеделник одат други експерти професионалци поврзани со активностите со нашата програма за две недели. Исто така најавувам дека во понеделник доаѓа експерт кој што се бави со пластична хирургија за да види каков тип на потреби имаат, , рече на прес-конференција во Министерството за здравство Алиу.
Што се однесува до Кочани и последиците од пожарот во дискотеката „Пулс“, тој кажа дека се планира долгогодишна програма за градот не само за граѓаните и за настаданите.
-Во моментов анализираме да се направи еден интерактивен ресурсен центар кој што ќе ги нуди сите неопходни програми а кои се поврзани со граѓаните. Се уште немаме дефинирано физички. Ќе биде во центар, ќе биде во простории коишто се во сопственост на државата, рече Алиу.