
Од пеколни горештини до силни грмотевици, Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави се одржува во услови што сериозно го нарушуваат распоредот на натпреварите, принудувајќи ги организаторите и тимовите да прават постојани промени.
Поради неповолни временски услови, досега се откажани четири натпревари, а од следната недела се очекува нов топлотен бран.
Второто полувреме од дуелот меѓу Бенфика и Оукленд во Орландо започна со задоцнување од повеќе од два часа поради обилни врнежи од дожд и бура.
Натпреварот меѓу Мамелоди и Улсан во истиот град беше одложен за повеќе од еден час, додека долги паузи беа забележани и на натпреварите меѓу Палмеирас и Ал Ахли во Њу Џерси (40 минути), како и меѓу Салцбург и Пачука во Синсинати (90 минути).
Американското здружение „Фоси фри фудбал“ објави дека во следните десет натпревари се очекуваат екстремно високи температури, кои би можеле да достигнат 41 степени.
Најтешки услови се предвидуваат во Шарлот, каде што се предвидува температура од 38 и 41 степен за натпреварите Реал Мадрид-Пачука и Бенфика-Баерн