
Во населеното место Сиричино во тетовската рурална Општина Јегуновце од месецов почна да се уредува простор кој треба да се оформи како парк со површина од 1,25 хектари. Со оваа површина од 1,25 хектари или 12.500 квадратни метри овој парк ќе изграден согласно дефиницијата од Законот за урбано зеленило – „парк“ е зелена површина со големина над 1 хектар, која се користи за одмор, шетање, разонода и игра. На овој начин Сиричино ќе добие поголем парк и од градот Тетово, за каде веќе неколку години наназад граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ дека нема парковска површина поголема од еден хектар.

Просторот што се уредува во Сиричино е на само неколку стотини метри од влезот од страната на Желино и се наоѓа околу тамошното училиште и двостраната крстосница чии патиша водат кон Туденце од десно и кон Шемшово.
Местоположбата на паркот е таква што при првиот впечаток на влегување во селото, посетителите ќе имаат прилика да видат урбанизирана средина, смета идејниот проектант архитектот Игор Филипоски. Тој вели дека паркот е значаен од повеќе аспекти: местоположбата, социјалниот живот во Сиричино, културниот живот, здравиот начин на живеење, забавата, релаксацијата и слично.

-Паркот ќе претставува свртилиште за жителите поради можностите шти ги нуди, а тоа се: чистиот воздух и сенките од засадените дрва, клупите за одморање, патеките за пешачење, терените за кошарка и одбојка, справите ва вежбање, осветлувањето во текот на вечерните часови, можноста шетање на дечињата и слично. Паркот, исто така, ќе биде место каде што ќе се одржуваат културни манифестации и спортски натпревари, со што ќе се промовира културниот и здравиот начин за живеење, што е голема придобивка во денешното забрзано темпо на живот. За да израснеме здрави генерации секако дека треба и да вложиме во нив, со нашиот парк вложуваме за децата и младите коишто ќе растат и ќе се развиваат со спорт, забава, култура, во најсовремени услови, изјави архитектот Игор Филипоски.
Во паркот поплочена патека за движење ќе биде со вкупна должина од 780 метри, истиот ќе биде ограден, со можност за влегување од четири места. Покрај зеленителото предвидено е да се посадат над 300 дрвја