Skip to main content

Уште трае распитот на Зоран каде наводно завршил ранецот со оружјето по убиствата на Вања и Панче

Вработениот во Народна банка, Зоран Д., кој вчера беше приведен поради сомнение дека го презел и го уништил ранецот во кој, според наводите на обвинетиот Велибор Манев, било сокриено огненото оружје со кое биле убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и утринава се наоѓа во полициска станица.

Сè уште не е познато што изјавил пред истражните органи, а од Јавното обвинителство најавија дека подетални информации за постапката ќе бидат објавени во текот на денот.

Приведувањето следуваше откако Манев, на последното судење, првпат јавно го посочи Зоран Д. како лице вклучено во криењето на оружјето. Претходно, на неколку рочишта тврдеше дека знае кому му било доверено да го сокрие пиштолот, но неговите наводи со месеци не беа проследени со соодветни истражни дејства.

Поврзани вести