
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.степени е регистриран ноческка во пограничното епицентрално подрачје со Албанија, на јужниот дел на Охридското Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје.
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека, според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Во Охридскиот регион минатата недела беа регистрирани серија земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.