
Вчера во СВР Велес, од Здружение на спортски риболовци „Бабуна“, кое е концесионер на рибниот фонд на река Тополка, пријавено е дека бил констатиран помор на разни видови на риби во реката забележана е и пенлива материја на површината на водата.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од СВР Велес, Агенција за храна и вода, Институт за храна и ветеринарство и инспектор за животна средина.
По насоки на јавен обвинител, примероци на риби и вода се предадени на Институт за храна и ветеринарство.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од МВР.