
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорката на Центарот за спречување на конфликти на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Кејт Фирон и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, на средбата e потврдена одличната соработка помеѓу двете институции во огромен број проекти. Изразено е уверување во нејзино натамошно унапредување, како и благодарност за константната поддршка и разбирање.
Министерот Тошковски се осврна на приоритетите и фокусот на МВР во периодот што следи, подвлекувајќи ја важноста и посветеноста на надградбата на капацитети, борбата против организираниот криминал и корупцијата на сите нивоа и реформите во министерството, се додава во соопштението.