Skip to main content

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од лани

Архива

Новата учебна година во Битола ќе ја почнат 529 првачиња и тоа е за 238 првачиња помалку затоа што лани беа запишани 767 првоодделенци.

Најмалку првачиња запишани се во основните училишта „Александар Турунџев“ и „Св. Кирил и Методиј“ каде во училишните клупи ќе седнат 10 во Кукуречани и 24 деца во Битола, а најмногу првачиња, вкупно 94 запишани се во општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“.

Од секторот за образование на Општина Битола за МИА потврдија дека во сите основни училишта има помал број на првачиња и според евиденцијата во ООУ „Ѓорги Сугарев“ ќе учат 30 првачиња, во ООУ „Трифун Пановски“ запишани се 37, во ООУ „Коле Канински“ запишани се 43, а во ООУ „Гоце Делчев“ се запишаа 45 првачиња. Само 30 првачиња ќе учат и во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во селото Бистрица.

Помал број на првачиња годинава ќе учат и во основните училишта „Тодор Ангелески“, „Стив Наумов“, „Елпида Караманди“ и „Даме Груев“, посочија од Општина Битола.

Поврзани вести