Skip to main content

Детали за инцидентот во Чаир: Играле ножеви, а вмешан е и 14-годишник

принтскрин/24info. mk

Вчера во 19.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Цветан Димов” со ул.„Џон Кенеди” во Скопје, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка помеѓу 14-годишник од Скопје и Р.С.(64) и Б.С.(18), двајцата од Скопје, при што биле употребени ножеви.

Притоа, лицата се здобиле со повреди и биле пренесени во  Градската општа болница „Св.Наум Охридски” и Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош. Увид бил извршен и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Поврзани вести