
Игор Ефремов, бранител на Влатко Кешишев на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кое завршни зборови дава одбраната, побара, како што рече „разумна пресуда за неговиот штитеник“.
Нема преземени дејствија како извршител ниту соизвршител. За тоа да биде направено треба неговите дејствија да се неопходни за извешените дејствија. Тој изврши каење за грабнувањето на девојчето, но тоа е различно од делото убиство. Тој имал потчинет и поданичен однос кон Палевски, но и страв. За тоа покажува и барањето при неговото сведочење Палевски да биде отстранет од судницата. За стравот говори и она што го изговорил кога дошла полицијата во седиштето на Десна: „Кај сте до сега, ве чекавме“, рече Ефремов.
Кешишев не негира дека учестувал во грабнувањата
Кешишев не знаел дека ќе биде грабнато малолетно лице. Кој треба да биде грабато знаеле само Манев и Видевски. За кога се работи дознал кога се вратиле во седиштето на партијата.
Тогаш останатите му кажале да оди во својата соба и да не поставува дополнителни прашања.
Ефремов побара ослоботелна пресуда за Кешишев.