
Во Штип денеска се одржа информативен ден за запознавање на јавноста со мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.
Пред претставниците од стопанските комори, здруженија на млади и голем број на заинтересирани граѓани, пратеници и претставници на локалните самоуправи од Штип и регионот, мерките од планот ги презентираа заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, директорката на Агенцијата за поддршка на претприемништво, Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова.
Заменик-министерот Ристески покрај за трите јавни повици кои беа објавени во текот на вчерашниот ден поврзани со мерката – Поддршка за самовработување (претприемништво), се осврна и за јавниот повик за третата мерка Обуки – подмеркаОбука на работно место кај конкретен работодавач.
Вчера Агенцијата за вработување го распиша и четвртиот јавен оглас за мерки од Оперативниот план за вработување, а тоа е дел од обуките кои се реализираат со планот. Станува збор за подмерката „Обука на работно место кај конкретен работодавач“ со која на невработените лица им се овозможува обука во времетраење до (3) месеци во работните простории на работодавачите согласно Програма за обука. Во овој период на невработеното лице ќе му биде исплатен месечен паричен надомест од 12.000 денари месечно со вклучено осигурување и данок на личен доход за времетраењето на обуката до 3 месеци, додека работодавачот има обврска да вработи најмалку 50% од вклучените лица во обуката со полно работно време во траење од најмалку 3 месеци. На работодавачот ќе му биде исплатен еднократен износ од 25.000 денари по обучено лице позавршена обука – кажа Ристески.
Тој додаде дека целта на оваа мерка од Оперативниот план е невработените лица да се стекнат со вештини за извршување на работните задачи во согласност со потребите на работодавачот,а со тоа и да се овозможи нивно вработување во истите компании. Оваа мерка ќе опфати 245 невработени лица, со фокус на корисници на гарантиранаминималнапомош, жени, Роми, млади до 29 години, лица со попреченост и долгорочно невработени.
Градоначалниците на Штип и Свети Николе Јорданов и Владев ги поздравија мерките од Оперативниот план за вработување и ги повикаа сите заинтересирани невработени лица – активни баратели на работа да аплицираат и да ги искористат поволностите од мерките од Оперативниот план.
Јавните повици за мерката самовработување (претприемништво) траат до 20 јуни (петок), додека повикот за Обука на работно место кај конкретен работодавач трае до 30.11.2025 година.