
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал во Општина Чаир, каде што, како што велат од партијата, илјадници евра од јавниот буџет се префрлени на сметката на кафулето на заменик-министерката Калтрина Зеколи-Шаќири, без јавен оглас и со прекршување на Законот за јавни набавки.
Овој случај јасно ја потврдува злоупотребата на јавните пари, фаворизирањето на бизниси поврзани со функционери на Демократското движење и заробувањето на институциите од страна на организирана политичка мрежа која ја користи власта за теснопартиски интереси. Кафулето „1ш“, познато како алтернативно седиште на Меџити и Ганиу, добило над 30 илјади евра од буџетот на Општина Чаир, само оваа година над 14 илјади евра, без конкуренција и без транспарентност.
Злоупотребите во Чаир не запираат тука, тие се прошируваат и на дивоградбите, селективното дозволување на високи згради и злоупотребата на јавниот имот, секогаш во корист на политичката мрежа на Висар Ганиу и ВЛЕН“, се вели во партиското соопштение на ДУИ.
Од паријата додаваат дека остануваат посветени на транспарентно владеење во служба на граѓаните, далеку од корупцијата и заробувањето на државата.