
Капрезе супата, како и истоимената салата, е комбинација од домати, моцарела и босилек. Со доаѓањето на потоплите денови, оваа супа е идеално јадење полно со медитерански вкусови.
Состојки
- 1 кг домати
- 1 главица лук
- 100 мл маслиново масло
- 200 г моцарела
- 150 мл зеленчукова супа
- 1 лажичка кафеав шеќер
- босилек
- балсамико оцет
Подготовка
Подгответе ги доматите и лукот
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги измиените и преполовени домати, цел лук во плех за печење, попрскајте сè со маслиново масло.
- Печете 20 минути, додека доматите не омекнат. Извадете ги од рерна и оставете да се изладат.
- Ставете ги печените домати во блендер, додадете го исчистениот лук, 3 лажици маслиново масло, босилекот и кафеавиот шеќер. Блендирајте додека не добиете компактна смеса. Ако немате блендер, користете рачен миксер.
- Додајте ја загреаната зеленчукова супа во доматите, добро измешајте. Зачинете по желба со сол и бибер. Гответе на тивок оган 5 минути.
- Сервирајте ја супата топла, додадете моцарела, босилек и неколку капки балсамико оцет.