Skip to main content

„Мала шега“ на Трифун Ситниковски го отвори 18. издание на Фестивалот на медитерански филм во Сплит

„Мала шега“ ја отвори 18-тата „полнолетна“ година на Фестивалот на медитерански филм во Сплит, информираат продуцентите.

Од 104 селектирани филмови од 37 земји, токму овој краткометражен филм беше избран за свеченото отворање на фестивалот, како најсилен одраз на годинешната тема: полнолетство, личен раст, љубов, пријателство и прашањата што доаѓаат со зачекорувањето во светот на возрасните.

Публиката во Сплит реагираше со искрен аплауз уште при излегувањето на екипата на сцена. По проекцијата, следуваа коментари дека ликовите и светот што го носи филмот оставиле впечаток како да се дел од долгометражно остварување, толку живи и присутни што остануваат со гледачот и по последниот кадар.

„Мала шега“ е еден од ретките кратки филмови во историјата на фестивалот кој бил повикан на Q&A сесија по проекцијата – гест што говори за длабокиот одек што го остави кај публиката.

На отворањето присуствуваа режисерот Трифун Ситниковски и продуцентите Гоце Кралевски и Адријана Пруговечки.

Филмот беше прифатен со топлина и внимание, токму онака како што се надева секоја мала, искрена приказна кога ќе се најде на големо платно.

Поврзани вести