Skip to main content

„Кривопаланечко културно лето“ со над 60 настани, се отвора на 19 јуни со стенд-ап на Сашко Коцев

Општина Крива Паланка го најавува почетокот на „Кривопаланечко културно лето“ 2025, опсежна културна програма со над 60 настани и содржини наменети за сите генерации, што има за цел да ја плени публиката од целата држава и поширокиот регион, дополнително поттикнувајќи го културниот туризам во градот, се наведува во соопштението од Општина Крива Паланка.

Културната програма во Крива Паланка за ова лето со над 60 настани започнува на 19 јуни.

Програмата ќе биде отворена на 19 јуни со атрактивното стенд-ап шоу на неповторливиот Сашко Коцев, што ќе се одржи во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, а предвидената летна културна програма нуди атрактивни содржини за сите генерации: концерти, изложби, литература, уметност, џез, поп-рок музика, фолклор, гастрономија, понуда, за која, веруваме, ќе се бара место повеќе за присуство и ќе приреди незаборавно уживање за публиката од државата и регионот, велат од општината.

Посочуваат дека успешната и одлична културно-туристичка промоција на градот за време на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата за 2024“, со реализирани над 150 настани што првилекоа огромен број посетители и туристи во градот, и годинава летната културна програма е креирана пред сè со атрактивни содржини за граѓаните од сите генерации, но и со цел да се поттикне културниот туризам во градот, што дефинитивно изминатите неколку години успешно го прави општината и Крива Паланка ја поставува високо на мапата дестинации за кутурен туризам во државата.

Кривопаланечко културно лето“ и годинава ги интегрира традиционалните: детски фолкорен фестивал „Паланачка тројка”, „Вечер на Осоговски песни” во јули, како и централните августовски програмски содржини што се одржуваат во периодот на празнувањата во градот посветени на патрон-светецот на Крива Паланка, Свети Јоаким Осоговски: Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски”, од 25 до 27 август, триденевниот фестивал на занаети и ракотворби „Шопско село“, што ќе се одржат на градскиот плоштад, музички концерт и „Фестивал на храна“на 29 август , што ќе понуди одлична можност за дегустација на вкусни традиционални македонски јадења, автентични за кривопаланечкото поднебје, а програмата ќе се заокружи на 30 август со препознатливиот музички фестивал „Џојфест” што и годинава ќе донесе настап на познати музички ѕвезди од регионот, информираат од службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Во севкупната програма предвидени се бројни настани и за најмладата публика, со атрактивни атристи, жонглери, кловнови, пантомимичари, како и детски претстави на отворената летна сцена во градскиот парк и плоштад.

Од општината упатија покана до сите љубители на добра музика , уметност и секако, на добра храна, чист воздух и убава природа, по што е позната Крива Паланка, да бидат гости на градот ова лето, кога се очекува една од најеколошки-чистите и најуредените мали општини во државата, да биде неодминлива дестинација за бројни посетители и туристи.

„Кривопаланечко културно лето“ се организира во соработка со институциите од областа на културата, ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура, Крива Паланка.