Skip to main content

Кога животот станува реално шоу: Тијана Дапчевиќ без срам и со многу смеа за „Менопауза“

Постојат теми за кои жените најчесто шепотат со пријателките. Работи кои се премолчуваат во јавноста, се кријат зад вештачки насмевки и се туркаат под тепих. Но, кога Тијана Дапчевиќ ќе застане на сцената со микрофонот во рака, сите тие „срамни“ тајни експлодираат во бран од колективна терапија низ смеа! Нејзиното хит стендап шоу „Менопауза“ е гласна, брутално искрена и урнебесна исповед во која се препознава секоја жена, но и секој маж кој имал среќа (или несреќа) да се најде во близина.

„Денес сум луда“ – но со топлотни бранови-претставата симболично започнува со познатиот хит на Јосипа Лисац, прилагоден на реалноста на една жена во зрели години. Низ приказната за Марина Станковиќ, Тијана нè води на патување низ хормоналниот ролеркостер: од ненадејни топлотни бранови и ПМС кој веќе ни сам не знае дали доаѓа или си оди, па сè до неочекуваните влакна на брадата.

Таа без влакна на јазикот зборува за сувоста, за аптекарките кои ѝ ги нудат сите можни препарати и за љубовниците кои немаат поим што е тоа лубрикант. Со препознатливиот шарм и актерскиот талент кој го усоврши низ годините, таа ги претвора секојдневните маки на жените во чиста комедија.

„Менопауза“ не е претстава само за жени. Тијана подеднакво бурно и духовито се посветува и на посилниот пол. На тапет се мажите во криза на средни години и нивната верзија – андропаузата. Наместо сочувство, мажите во публиката добиваат доза на реалност која ги тера да се смеат до солзи, сфаќајќи дека нивните сопруги гледаат низ сите нивни „модерни“ обиди за подмладување.

Поврзани вести