Skip to main content

Шестата рунда преговори со САД нема да се одржи по израелските напади врз Иран?

PrintscreenX

Високиот ирански пратеник Аладин Боруџерди, член на Парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика, денеска изјави дека шестата рунда разговори со Соединетите Американски Држави нема да биде одржана по израелските напади врз Иран.

САД и Иран водат разговори за нуклеарната програма, а нивната шеста рунда разговори е закажана за недела во Оман.

Израел во текот на ноќта изврши „превентивен напад“ врз Иран, насочен кон нуклеарната програма на земјата и високите воени лидери на таа земја.

Поврзани вести