Skip to main content

Јапонија донираше книги во библиотеката „Макс ван дер Штул“ и реновираше прозорци и врати во тетовското училиште „Кирил и Методиј“

Амбасада на Јапонија во Македонија

Амбасадорката на Јапонија во земјава, Сецуко Кавахара, денеска го посети Тетово по повод примопредавањето на два проекта, донација на книги за библиотеката „Макс ван дер Штул“ и реновирање на прозорци и врати во Основното училиште „Кирил и Методиј“.

Како што информираат од Амбасадата на Јапонија, во рамки на посетата, таа присуствувала на свеченоста во Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што библиотеката „Макс ван дер Штул“ доби речиси 200 книги преку проектот „READ Japan Project 2025“. Книгите опфаќаат теми од традиционална и модерна Јапонија, вклучувајќи економија, дипломатија, литература, аниме и филозофија.

По примопредавањето во библиотеката, амбасадорката Кавахара го посетила Основното училиште „Кирил и Методиј“, каде што беа обновени прозорците и вратите со грант од 77.188 евра преку јапонската „Грант програма за мали проекти и човекова безбедност“ (GGP).

Посетата ја завршила со разгледување на културниот споменик Шарена џамија, стои во соопштението.

Поврзани вести