
Здружението ХЕМА-ОНКО и Фемина М вечер со почеток во 18 часот, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, ќе ја промовираат едукативната брошура „Јас сум пеперутка“, наменета за жените со рак на дојка.
Брошурата е осмислена како практичен водич што нуди информации, насоки и поддршка низ различните фази на справување со болеста – од поставувањето на дијагнозата, преку лекувањето, до закрепнувањето.
Целта на публикацијата е на жените кои се соочуваат со рак на дојка да им овозможи полесен пристап до проверени информации и да им помогне полесно да се снајдат во текот на лекувањето и закрепнувањето.
Од ХЕМА-ОНКО нагласуваат дека продолжуваат активностите за подобра информираност на пациентите, поголема поддршка и подигнување на свеста за потребите на жените кои се соочуваат со оваа дијагноза.

Македонски

