Skip to main content

Со себе ги имал пасошот и членската од Хамас: Пронајдено и идентификувано телото на Мохамед Синвар

ИДФ

Израелските одбранбени сили го пронашле телото на лидерот на Хамас, Мохамед Синвар, во тунел, очигледно задушен. Тој починал бавно, од недостаток на кислород.

Во тунелот биле пронајдени документите на Синвар: а покрај неговите пасош и возачка дозвола, кај себе ја имал и членска карта на Хамас со број 333333. Како што соопштија израелски медиуми, таа истекла на крајот од минатата година.

Според израелските медиуми, бункерот на Синвар се наоѓал под влезот во болница.

Поврзани вести