Skip to main content
Германскиот автомобилски гигант во тешка криза

Дваесет илјади вработени во „Фолксваген“ потпишале „пакети за отпремнина“

Дваесет илјади вработени во „Фолксваген“ потпишале „пакети за отпремнина“ со што германскиот автомобилски гигант покажува дека е длабоко зафатен од кризата на европската економија.

Масовните отпуштања се дел од плановите на компанијата за намалување на трошоците во услови на глобален пад во автомобилската индустрија. Компанијата има намера да го намали бројот на вработени за околу 35.000 луѓе до 2030 година.

Околу 130.000 вработени во брендот „Фолксваген“ веќе се согласиле на замрзнување на платите и откажување на зголемениот платен одмор од околу 1.290 евра. Компанијата, исто така, има намера да го намали бројот на практиканти од 1.400 на 600, што ќе заштеди околу 1,5 милијарди евра.

Поврзани вести