
Каде сте досега, знаев дека ќе дојдете, рекол Влатко Кешишев кога полицијата влегла во седишетото на Десна.
На прашањето на полицијата каде е Љупчо Палевски, Кешишев рекол дека им кажал дека ќе оди во Турција.
Не сум добар човек, сакам да ве однесам на едно место, им рекол Кешишев на полицајците.
Инспекорот бил изненаден како знае каде да ги однесе. Им покажал само каде да копаат.
Копале и кога слушнале тап удар почнале да копаат со рацете и тогаш по описот виделе дека е исчезнатото девојче со врзани раце и нозе.
Ова во завршните зборови од Обвинителството на денешното рочиште за убистватана Вања Ѓорчевска и Пначе Жежовски го кажа обвинителката Жаклина Јосифовска.
Не бе луѓе, таа е киднапирана и однесена некаде. Ако се мафијаши дај да платиме, ги опиша зборовите на таткото Александар обвинителката Јосифовска.
За кумот Гоце
Обинителката рече дека сведокот Гоце знаел повеќе и од Александар и оти за својот кум велел дека отсекогаш бил конфузен.
Зачудувачки било како Гоце го поврзал возилото пред зградата со исчезнатиот во Велес и зошто се сомневале токму на тоа возило кое во тој момент се уште не било поврзано со исчезнувањето на Вања.