Skip to main content

Се роди Југ, синот на починатиот Игор

Се роди Југ, синот на прерано починатиот Игор, еден од обвинетите за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017.

Пред да бидеш зачнат те посакував. Пред да се родиш, те сакав! Пред да наполниш еден час, би умрела за тебе! Ова е чудото на животот. Биди само жив и здрав и стави крај на маките, порача Ивана Југ, сопругата на починатиот Игор.

Честитки за новороденчето испрати и Вилијам Михајловски, кој лежеше во затвор заедно со Игор, за истото дело.

Југ почина на 54 години од кои осум ги помина зад решетки. На 7 февруари годинава тој почина дома, на роденденот на својата ќерка каде му се слошило.

Поврзани вести