Skip to main content

Се огласи мајката на Артан Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Зухра Груби, мајката на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој е во бегство и не се знае каде е побегнат, денес се огласи и јавно му го честиташе роденденот на некогашниот функционер на ДУИ.

„Денес, кога твоето отсуство е позабележително од присуството на сите други заедно, кога за твоите дела се зборува затоа што ги прават сите горди и ги потсетуваат на годините кога Албанците се чувствуваа претставени и господари во својата земја, кога гледаа како се управувани и како се исполнува дадениот збор, и кога некои кои не успеаја да го направат она што тебе ти успеа, па сакаат да уништат и елиминираат сè што е постигнато…

…Јас, твојата мајка, погорда од кога било, ти посакувам СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АРТАНЕ и се молам да имаш здравје и среќа, и оваа политичка одмазда и прогон, како во времето на комунизмот, да ја доживее судбината на тој прогонувачки систем и дека вистината ќе победи по Божја волја!

Никогаш не заборавај дека те сакаме.Животот е полн со тешки и убави времиња. Учи од сè што можеш и стани човекот што знам дека можеш да бидеш“, напиша мајката на Груби на неговиот отворен профил на Фејсбук.

Груби во моментов се бара со меѓународна потерница за малверзации со работењето на АД Државна лотарија.

Поврзани вести