Skip to main content

Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување и нарушен јавен ред и мир 

Скопјанец бил приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување и нарушен јавен ред и мир, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Синоќа во 23.25 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа Б.Н.(42) од Скопје, затоа што во Моклиште, кавадаречко, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување, а при спроводот во полициска станица агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. Б.Н. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Поврзани вести