Skip to main content

Претепан младич, кога избегал кај родителите напаѓачите нагрнале и врз нив

Млад жител на неготинското село Пепелиште пријавил во полиција напад од три лица, а според пријавеното,  нападнати биле и неговите родители и бабата. За ова денеска информираа од Секторот за внатрешни работи Велес.  

– Синоќа околу 20 часот во ОВР Неготино, А.М.(27) од село Пепелиште, неготинско, пријавил дека во неговиот дом бил физички нападнат од М.Д.(27) од Пробиштип, М.Д.(30) и М.Д.(48), двајцата од село Пепелиште, при што бил удрен и со стаклен предмет. Според пријавеното, тој побегнал во домот на неговите родители, каде што дошле лицата и физички ги нападнале неговите родители и неговата баба, а ја оштетиле и влезната врата од куќата, соопштија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани вести