
Полициски службеници од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава од граѓани во врска со работата на дивата депонија во кругот на поранешниот Керамички комбинат „Вранешница“ во Кичево, а поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по член 230 од КЗ на РСМ („загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“) на разговор повикаа девет лицата вработени од ЈП „Комуналец“ од Кичево, соопшти МВР.
Истите биле затекнати како одлагаат отпад во дивата депонија, а на разговор дополнително бил повикан и директорот на ЈП„Комуналец“ а во врска со сомнение за сторено кривично дело по член 230 и член 353 од КЗ на РСМ. Известен е надлежен ЈО по чии што насоки се работи на целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.