Skip to main content

Бекам ќе добие титула витез

Фото: Facebook/David Beckham

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам ќе добие витешка титула, откако се најде на списокот почесни службеници по повод роденденот на британскиот крал Чарлс.

Бекам, кој е носител на Орденот на Британската империја од 2003 година, ќе добие дополнително признание за неговата фудбалска кариера и за неговиот придонес во британското општество, јавија денеска британските медиуми.

Со новото признание, Бекам ќе ја добие титулата Сер, а неговата сопруга Викторија ќе стане Лејди Бекам.

Бекам е еден од најдобрите англиски фудбалери на сите времиња и освои бројни трофеи во богатата кариера што ја почна во Манчестер Јунајтед. За клубот од „Олд Трафорд“ одигра 394 натпревари и постигна 85 голови, а настапуваше и за Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и ПСЖ.

За англиската репрезентација одигра 115 натпревари и постигна 17 голови.

Бекам одигра важна улога кога Лондон ја доби организацијата на Олимписките игри во 2012 година, а од 2005 година е амбасадор на УНИЦЕФ.

Поврзани вести