Skip to main content

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Центар

На 02.06. околу 00.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Илинден“ и ул.„Ленинова“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(27) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.К.(33) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести