Skip to main content

Нема повредени при падот на кран во Битола

Илустрација

Попладнево во 14:30 часот на градилиште во поранешната битолска касарна падна кран. Нема повредени лица. Портпаролката на СВР Битола Сања Стаматова рече дека случајот во СВР Битола го пријавил граѓанин, а веднаш потоа на терен излегла увидна екипа.

Во 14:30 во СВР Битола пристигна пријава од граѓанин, а потоа и од уште неколку други граѓани кои забележале дека паднал кран на градилиште во поранешната касарна. Наши полициски службеници веднаш излегоа на терен, извршија увид и констатираа дека нема повредени лица, ниту пак има пријава за повредени лица во битолската Клиничка болница. Сепак, според процедурата, вршиме утврдување на причините за пад на кранот – изјави Стаматова.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски соопшти дека веднаш излегол на лице место каде што се случи немил настан при изведување на градежни активности на приватен објект, кој се гради во старата битолска касарна со цел Општина Битола веднаш да реагира соодветно и согласно своите надлежности.

Веднаш излегов на лице место каде што се случи немил настан при изведување на градежни активности на приватен објект, кој се гради во старата битолска касарна со цел Општина Битола веднаш да реагира соодветно и согласно своите надлежности. Исто така со мене на терен е и овластениот градежен инспектор кој ќе изврши надзор врз активностите на инвеститорот, изведувачот и надзорот на објект каде се случи овој настан. Причинета е само материјална штета. Од клиничка болница Битола и службата за итната медицинска помош ме информираа дека нема пријавено повредени лица. Објектот има уредно издадено решение за градбa. Издададено ќе биде и решение за затворање на градилиштето.

Поврзани вести